Хавајската секс „бомба“ се враќа во рингот! (ФОТО+ВИДЕО) – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Хавајската секс „бомба“ се враќа во рингот! (ФОТО+ВИДЕО)

УФЦ ѕвездата Рејчел Остович е многу блиску до враќање во рингот после повеќемесечна пауза.

Атрактивната девојка од Хаваи својот последен меч го имаше во јануари оваа година, а сега им се врати на сериозните тренинзи.

Рејчел на тој меч загуби од Пејџ Ван Зант во втората рунда, но сето тоа се случуваше два месеци откако претрпе страшна повреда во семејно насилство. Нејзиниот сопруг во тие моменти ја скрши јаболчната коска.

– Многу луѓе ме прашуваат дали сакам да се занимавам со моделирање или нешто друго во индустријата за забава, но мојот приоритет е ММА. Доколку нешто се појави по мојата кариера, сигурно ќе ме интересира, но засега, единствено што ми е важно е ММА кариерата. Знам дека понекогаш ме гледаат поразлично заради мојот изглед, ме сметаат за безопасна девојка, но тоа дури ми одговара. Бидејќи јас сум подготвена, нека дојде која сака во борба против мене – рече Остович, инаку поранешен борач.

View this post on Instagram

Is you really bout that action 🤷🏻‍♀️

A post shared by Rachael Ostovich (@rachaelostovich) on

Рејчел има 28 години и живее на Хаваите. Се бореше во „Инвикта“, организација под раководство на УФЦ која ги промовира женските борби на американското тло.

Беше и натпреварувачка оваа УФЦ сезона на „Ултимејт Фајтер“ во која борците живеат заедно во Лас Вегас, тренираат и се борат едни против други по систем на елиминации.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close