Хашкиот трибунал го пушти Хашим Тачи на Косово да го види болниот татко

Специјалниот суд за Косово во Хаг привремено го пушти од притвор поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи за да го посети семејството, односно да го види неговиот татко, чија здравствена состојба е влошена последните денови, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на судот во Хаг одлуката е донесена од хуманитарни причини.

 Од хуманитарни причини Судскиот совет го упати секретаријатот да организира посета на притворениот Хашим Тачиу на Косово, заради средба со неговото семејство. Обвинетиот останува во притвор и под надзор на Специјалниот совет, се наведува во соопштението на Судот доставено до неколку приштински медиуми.

За време на престојот во Косово, Тачи ќе биде под надзор на припадници на косовската и на полицијата на Мисијата на ЕУ за владеење на правото, ЕУЛЕКС.

На Тачи и на уште неколкумина поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во Хаг им се суди за претпоставени злосторства врз цивили во периодот од почетокот на војната во Косово во 1998-ма до крајот на 2000 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот