ХАРИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА: Ја изгубив мојата мајка и сега гледам дека Меган станува жртва на моќни сили

Profimedia
профимедиа

Меган Маркл, сопругата на британскиот принц Хари го тужеше весникот „Mail on Sunday” кој објави приватно писмо – според нејзините адвокати тоа е противзаконско.

Адвокатската канцеларија „Шилингс“ соопшти дека објавата на писмото е „кампања на медиумската групација да објави лажни и штетни приказни за неа и нејзиниот сопруг“, додека пак портпаролот на “Mail on Sunday” не беше достапен за коментар.

Адвокатите на Маркл објавија дека трошоците на правната постапка ги плаќаат приватно војводата и војвотката од Сасекс што е титулата која ја носат принцот Хари и Меган Маркл.

Принцот Хари во образложувањето за поднесувањето на тужбата изјави дека неговата сопруга „станала жртва на британските таблоиди кои водат кампања против поединци, не размислувајќи за последиците“.

Хари се присети на својата мајка, истакнувајќи дека бил сведок на тоа што се случува кога луѓето кои ги сака стануваат жртви и луѓето околу нив веќе не ги гледаат како нормални луѓе.

„Ја изгубив мојата мајка и сега гледам дека и мојата сопруга станува жртва на некои моќни сили“, изјави принцот Хари.

Принцезата Дајана загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997-ма година кога фотографите ја следеле зад возилото во кое што била.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот