ХАОС ВО РЕГИОНОТ: По големиот град во Хрватска, 12.000 домаќинства без струја во Словенија

Неколку држави во регионот се зафатени од силно невреме, а покрај Хрватска, каде бил забележан град со големина на јајце, силните дождови не ја заобиоколија ниту словенија акде 12.000 домаќинства останале без струја.

Словенечката агенција СТА јави дека во тој дел од земјата дувал ветер со брзина од 70 километри на час.

Словенечката министерка за земјоделство Александра Пивец денеска вети помош за општините кои претрпеа големи штети од невремето во источниот дел на земјата. Пивец рече дека од невремето се погодени 60 општини.

Во најпогодените краеви околу Птуј се проценува дека на посевите е нанесена штета од 40 до 100 отсто, особено на пченката, хмељот, компирот, овошјето, зеленчукот и анасонот.

Во повеќе делови на земјата кои беа погодени од обилните дождови и од град дојде до одрони на земјиштето и помали поплави, а многу покриви на куќи и автомобили се оштетени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот