Хамилтон откри зошто не преминал во Ферари: Немал понуда, а не ни сакал

EPA-EFE/TOM WHITE

Иако во еден период многумина веќе го гледаа во црвениот болид, Британецот откри дека никогаш сериозно не ни разговарал за трансфер со тимот од Маранело

Луис Хамилтон ја откри причината зошто никогаш не се приклучил на најстариот и најуспешен тим во Формула 1, Ферари.

Седумкратниот светски шампион доминираше на патеката за Мерцедес откако таму се префрли од Мекларен, каде ја освои својата прва титула за возачи во 2008 година.

Хамилтон освои шест од седумте титули помеѓу 2014 и 2020 година, но во последните години тој и Мерцедес паднаа далеку под темпото на Ред бул.

Хамилтон (38) беше поврзуван со трансфер во Ферари во раната фаза на сезоната 2023, откако минатата година заврши само на шестото место во шампионатот со Мерцедес, далеку од темпото на Ред бул и на Ферари, кои завршија над германскиот тим.

И покрај тоа што Хамилтон беше поврзуван со премин во тимот од Маранело за да ја освои осмата титула, Британецот се обврза на нов договор со Мерцедес до 2025 година.

Хамилтон изјави дека никогаш не добил понуда од Ферари а и не се чувствувал подготвен да се пресели во Италија во текот на целата негова кариера.

– Никогаш. Добро, дефинитивно имавме неколку неважни разговори. Таму познавам многу добри луѓе. Но, никогаш не се чувствував подготвен да се преселам во Италија – изјави Хамилтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот