Хамилтон лут на своите колеги возачи: Сите молчат пред неправдата (ФОТО)

EPA-EFE/MICHAEL DODGE

Шесткратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон упати остри критики кон своите колеги од Ф1 бидејќи како што вели тој, молчат и не се огласуваат по смртта на Џорџ Флојд и која го запали САД.

Вашингтон, САД / 31 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Флојд почина како последица на полициската бруталност, откако полицаецот Дерек Човин осум минути со коленото го притискаше вратот на несреќниот Флојд.

Вашингтон, САД / 31 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Ова убиство предизвика големи демонстрации ширум САД поради полициската бруталност, но и дискриминацијата бидејќи ова не е прв пат невооружен Афроамерикаец да биде жртва поради бојата на кожата.

Вашингтон, САД / 31 мај 2020 / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Голем дел од спортистите ширум светот реагираа преку социјалните мрежи, а Хамилтон е разочаран бидејќи ниту еден возач од Ф1 шампионатот не реагираше.

– Ве гледам сите вас кои не рековте ништо, некои од вас се најголеми ѕвезди, а сепак молчите. Ниту глас од мојата индустрија во која доминираат белците. Јас сум единствениот обоен човек во индустријата и повторно стојам сам – изјави возачот на Мерцедес. 

На наредното стори додаде: Не ги поддржувам оние кои кршат и палат згради, туку оние што мирно протестираат. Не може да има мир се додека нашите лидери не направат промена. Ова не е само во Америка, ова е и во Велика Британија, во Шпанија, во Италија и насекаде. Начинот на кој се третираат малцинствата мора да биде променет, како и начинот на кој ги едуцирате луѓето во вашата држава за еднаквост, расизам, класизам и дека сите сме исти! Не се раѓаме со расизам и омраза во срцето, на тоа сме научени од оние на кои се угледуваме.

Хамилтон на неговото стори сподели и објава на Џејми Фокс која прикажува колку Афроамериканци биле неправедно убиени поради полициската бруталност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Foxx (@iamjamiefoxx) on

Прочитајте:

ОГАН И ГНЕВ ШИРУМ САД: Конфликти на демонстрантите и полицијата, голем број на повредени (ВИДЕО)

„Њујорк тајмс”: Трамп со сопругата и синот однесени во бункер по закана од протести околу Белата куќа (ВИДЕО)

Скандал во САД, НБА шампион претепал момче за време на протестите (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот