Хамилтон до пол позиција во Унгарија, тоа е сега „сензација“ во Формула 1

фото: EPA-EFE/Zsolt Czegledi

Верувале или не, Луис Хамилтон беше побрз од Макс Ферстапен во квалификациите за Големата награда на Унгарија во рамките од Формула 1 шампионатот.

Британецот ја освои пол позицијата пред трката на Хунгароринг откако за три илјадитинки беше побрз од Холанѓанецот.

На овој начин, сезоната во Формула 1 барем викендов (можеби само за момент) ќе стане интересна, откако Хамилтон по 104 пат во кариерата успеа да постигне најдобро време во квалификациите, додека неговиот колега Џорџ Расел ќе стартува дури од 18 позиција.

Ферстапен не беше доминантен како и обично, можеби и самиот е свесен дека веќе ја „освои“ титулата на половина сезона, додека Ландо Норис, кој ќе стартува од третото место, вози сè подобро и подобро, но во првата изјава по квалификациите рече дека не е задоволен. Можеби тоа најдобро говори за амбициите на младиот возач на Мекларен чиј болид конечно беше поправен.

Четврто време имаше младиот Оскар Пијастри, уште еден возач на Мекларен, додека изненадување во квалификациите беше Гванју Жоу од Алфа Ромео. Шарл Леклер беше само шести, што е сепак подобар од неговиот колега Саинц од Ферари кој не стигна ни третата квалификациска сесија (11 место), додека во во Топ 10 се и Валтери Ботас (Алфа Ромео), Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Серхио Перез (Ред Бул) и Нико Хилкенберг (Хас).

Главната трка ќе се вози в недела од 15.00 часот. Моментно во генералниот пласман води Ферстапен со 255 поени, пред С. Перез со 156, трет е Ф. Алонсо со 137, додека Хамилтон е четвртопласиран со 121.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот