Халанд на првиот натпревар во Премиер лигата покажа каква машина за голови има Манчестер Сити

Ерлинг Халанд во Премиер лигата дебитираше со два гола/фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Само шест дена откако одигра очајно против Ливерпул во „Комјунити шилд“ и беше цел на бројни критики, Ерлинг Халанд во првото коло во Премиер лигата покажа каква „машина за голови“ има Сити во него.

Норвежанецот ги постигна двата гола за Манчестер сити во победата од 2:0 на гостувањето кај Вест Хем.


При постигнувањето на головите, Халанд го демонстрира тоа што го прави еден од најдобрите напаѓачи на светот, сила, координација, брзина и чувство за гол.

Во финишот од првиот дел, Халанд го отвори резултатот од пенал кој сам го изнуди. Во 65 минута, Халанд доби во простор одлична топка од Кевин де Брујне и немаше никакви проблеми да го совлада голманот Ареола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот