Хајредини: Да сака Апасиев, Заев сигурно и со него би го зголемил мнозинството

Џевдет Хајредини / Утрински брифинг

Политичкиот аналитичар и поранешен министер за финансии, Џевдет Хајредини, ги коментираше актуелните политички случувања со борбата за парламентарно мнозинство.

„Да сака Апасиев, Заев сигурно и со него би го зголемил мнозинството“, напиша Хајредини на Фејсбук.

Неизвесно е каков е во моментов распоредот на силите во Собранието, откако минатата недела пропадна иницијативата за гласање недоверба на владата која ја организираше опозицијата, поради недоаѓањето на пратеникот Кастриот Реџепи од Беса на собраниската седница. Оттогаш, Беса го исклучи Реџепи од партијата, а лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, навести дека четворицата пратеници на неговата партија би можеле да преминат на страната на владејачкото мнозинство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот