Хаг: Продолжува судењето против поранешните лидери на ОВК

Кадри Весели е во притвор во Хаг и чека судење за злосторствата на ОВК/Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Во Специјализираните совети на Косово во Хаг денеска ќе продолжи судењето на поранешните водачи на ОВК Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Реџеп Селими и Кадри Весели, јавуваат Репортери.

На последната седница одржана на 20 јуни беше сослушан единаесеттиот сведок. Како и претходното, така и ова рочиште се одржа со мерки за заштита на идентитетот на сведоците. Во меѓувреме, судскиот совет изрази загриженост за брзината на рочиштето за тој судски случај и ги потсети странките дека е непотребно детално да се испрашуваат сведоците.

Обвинителството на 28 јуни достави список со уште 12 сведоци кои ќе бидат повикани во судскиот спор што се води во Хаг против поранешните лидери на ОВК.

Судењето на поранешните водачи на ОВК започна на 3 април, а Тачи, Весели, Селими и Красниќи, кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, се изјаснија дека не се виновни по ниту едно од обвиненијата.

Тие се во притвор во Хаг од ноември 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот