Гвардиола по дербито: Начинот на кој игра Ливерпул не е лесен

Пеп Гвардиола/фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, по натпреварот со Ливерпул изјави дека ова беше натпревар во кој публиката може да ужива.

Фудбалерите на Ливерпул и Манчестер сити ремизираа на „Енфилд“ со резултат 1:1 (0:1) во натпреварот од 28 коло на Премиер лигата.

Водечкиот гол за гостите го постигна Џон Стонс во 23 минута, додека Алексис Мекалистер го постигна израмнувачкиот гол за својот тим во 50 минута од пенал.

Почнавме многу добро, но тие се неверојатен тим. Ние имавме свои моменти, тие свои. Начинот на кој играат не е лесен. Ние ќе ја прифатиме оваа точка. Бевме во налет во првото полувреме, имавме многу шанси. Ова беше добар натпревар за гледачите.

Знам колку е тешко на „Енфилд“. Тешко е и на „Етихад“, Ливерпул нема победено таму осум години. Ние се докажуваме, а тие и ние сме неверојатно конкурентни. Би сакал победа, но тие со години докажуваат колку квалитет поседуваат. Се заврши добро за сите – изјави Гвардиола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот