Гвардиола нема граници, купува двоец од Серија А за неверојатни 250 милиони евра
Манчестер сити испадна во четвртфиналето од Лигата на шампионите и тоа од Оллимпик Лион, а поради загубата на титулата во Премиер лигата, сезоната е оценета како неуспешна и нормално Пеп Гвардиола доби одврзани раце да потроши неколку стотиџи милиони евра за засилување.
Менаџерот на „граѓаните“ додека ангажира двајца фудбалери, Феран Торес од Валенсија и Нејтан Аке од Борнмут, а сега планира да потроши уште 250 милиони евра за нови две засилувања со кои Манчестер сити би бил апсолутен фаворит во сите натпреварувања.
Иако Барселона неколку месеци се обидуваше да го донесе Лаутаро Мартинез на „Камп Ноу“, на крајот не успеа да најде заеднички јазик со челниците на Интер. Клаузулата од 111 милиони евра за Лаутаро беше преголема за Барселона, но парите нема да претставува проблем за Манчестер сити.
Гвардиола уште сега почна да бара замена за Серхио Агуеро кој идното лето ќе си замине од Сити, а изборот за негов наследник падна на напаѓачот на Интер.
Според извори од Манчестер сити, договорот може да биде постигнат наскоро, а сумата би изнесувала најмалку 90 милиони евра.
Истовремено Гвардиола работи на засилување и на одбраната и според италијанските медиуми договорот е постигнат со Наполи.
Калиду Кулибали се очекува летово да се пресели во Премиер лигата, а Манчестер сити ќе плати 70 милиони евра плус бонуси.
Вкупната сума која Манчестер сити ќе ја потроши на двете засилувањата од Серија А ќе изнесува околу 250 милиони евра бидејќи Лаутаро и Кулибали се очекува да потпишат четиригодишни договори со плата од најмалку 10 милиони евра по сезона.