Гутереш ги повика САД и Хутите да не дозволат да ескалира конфликтот

Антонио Гутерeш / Фото: Fabrice COFFRINI / AFP / Profimedia

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш побара од сите засегнати страни да избегнат „ескалација“ на конфликтот, откако САД и Велика Британија ги нападнаа позициите на Хутите во Јемен поради напад на ова шиитско движење врз поморскиот сообраќај поврзан со Израел во Црвеното Море.

„Генералниот секретар ги повикува сите инволвирани страни да избегнат ескалација на ситуацијата, што е во интерес на мирот и стабилноста во Црвеното Море и во целиот регион“, изјави портпаролот на Гутереш на прес-конференција.

Хутите, кои контролираат голем дел од Јемен, ги напаѓаат бродските рути во Црвеното Море во знак на поддршка за Палестинците во Појасот Газа, каде што во израелсиот одговор на нападот на Хамас досега има повеќе од 23.000 жртви, од кои најмалку третината се деца.

САД и Велика Британија, со поддршка на Холандија, Канада, Бахреин и Австралија, почнаа воени напади како одговор на нападите на бунтовниците Хути врз трговските бродови во Црвеното Море.

Нападите предизвикаа остри критики од Иран и Русија, како и лути реакции од бунтовниците Хути, пренесува ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот