Групи за човекови права повикуваат на дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг

Соодветни количества кондоми бесплатно за луѓето кои ќе бидат во „балонот“ во Пекинг/Фото: EPA Roman Pilipey

Вкупно 243 организации за  заштита на човекови права и невладини организации повикаа на дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг неколку дена пред почетокот на Игрите.

„Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година ќе бидат отворени во услови на злосторства и други тешки прекршувања на човековите права од страна на кинеската влада”, се вели во заедничката изјава.

Групата ги повика владите да се приклучат на дипломатскиот бојкот и спортистите и спонзорите да не ги легитимираат кршењата на правата на кинеската влада.

„Не е возможно Олимписките игри да бидат „сила за добро”, како што тврди Меѓународниот олимписки комитет, додека владата домаќин врши тешки злосторства што го крши меѓународното право”, рече Софи Ричардсон, директорка за Кина во Хјуман рајтс воч.

Групите укажаа на третманот на етничките и верските малцинства и на прогонот на активистите за права, феминистките, адвокати и новинари од страна на Кина за време на претседателот Си Џинпинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот