Групата „Љубојна“ со нов сингл – „Јас и ти“

Instagram
printskrin

После 12 студиски албуми и две винил изданија, прославувајќи ја 20 годишната кариера, бендот „Љубојна“ повторно се ребрендира, одржувајќи го својот курс во популарната музика.

Овој пат со новата песна „Јас и ти“ на Вера Милошевска, со која песна Вера, со голем успех навлегува и во кантавторските води.

Новиот сингл носи ведрина на латино клаве ритам, воздишки на летни љубови и мириси на липи и жешки калдрми.

Музиката и текстот е дело на Вера Милошевска, аранжман Оливер Јосифовски, а како продуцент се потпишува Мите Димовски студио „Тра ла ла“.

Песната можете да ја слушнете на следниот линк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот