Груби-Мета: Патот на заедничката интеграција во ЕУ мора да заврши успешно

Груби-Мета

Патот на заедничката интеграција на Скопје и Тирана во ЕУ е полн со предизвици, но мора да се финализираа со успех за двете земји чија цел е големото европско семејство, порачаа првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и албанскиот претседател Илир Мета.

На денешната средба во Тирана, Груби оцени дека билатералните односи меѓу двете земји се на многу високо ниво. Тоа го истакна и Мета, нагласувајќи дека нема никакви спорни прашања, а соработката во сите сфери продолжува.

Коридорот 8 беше една од темите за кои стана збор. Двајцата соговорници истакнаа дека овој проект е од голема важност, бидејќи поврзува повеќе балкански земји и ќе влијае на економскиот развој.

Груби на ова средба ја отвори и темата за пописот, нарекувајќи го „витален проект за Албанците во земјата и дијаспората”. Со Мета апелираа масовно да се регистрира дијаспората за да се знае точниот број Албанци кои живеат во РСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот