Грејп диета: Стопете три килограми за само три дена!
Овој режим на исхрана е одличен после празниците кога си дозволуваме да се почестиме со слатки и повеќе храна. Со грејпфрут диетата ќе ја исфрлиме насобраната вода во организмот и ќе направиме детоксикација.
Како што кажува името на оваа диета, клучна намирница е грејпфрутот. Оваа намирница е одлична за слабеење бидејќи содржи малку калории, поточно во 100 грама само 32 калории. Изобилува со витамин Ц и доста растителни влакна кои се важни за забрзување на метаболизмот. Грејпфрутот не содржи масти и холестерол.
Препорачано
Правила на диетата
Намалете го внесот на јагленохидрати, додека слатките се забранети. Внесот на масти е дозволен како и неограничен внес на протеини. Кога ќе го намалиме внесот на јагленохидрати кои нашето тело ги претвора во енергија, тогаш телото ќе бара алтернативно „гориво“. Така доаѓа до согорување на протеините и мастите, а со самото тоа до симнување на килограми.
Појадокот е секој ден ист – грејпфрут или 250 мл. цеден сок од грејпфрут, кафе или чај (без шеќер), 2 јајца (прежени, варени), или 2 кришки сланина.
Ужината треба да биде најмалку два часа пред спиење – 250 мл. сок од домати или 250 милилитри млеко.
Прв ден
Ручек – грејпфрут или 250 мл цеден сок, тврдо сирење, спанаќ, 1 препечен интегрален тост.
Вечера – грејпфрут или 250 мл цеден сок, плескавица, варен зеленчук
Втор ден
Ручек: грејпфрут или цеден сок од 250 мл, салата од туна
Вечера: грејпфрут или 250 мл цеден сок, 2 немасни свински стека, зелена салата
Трет ден
Ручек: грејпфрут или цеден сок од 250 мл, варено говедско месо, пилешко или риба, салата од домати.
Вечера: грејпфрут или 250 мл цеден сок, пржена риба, мешана салата од домати и зелена салата.


