Грчките пензионери ќе добијат државна помош

Фото: Архива

Грчката влада дефинитивно одлучи да понуди помош за најмалку 140.000 пензионери кои неодамна не добија покачување или каква било друга дополнителна помош.

Ова се однесува на пензионерите со таканаречената „лична разлика“ – односно оние кои добиваат повисока пензија од другите и биле исклучени од покачувањата што се применуваат од 1 јануари – или кои добиле значително пониско зголемување од просечната стапка од 7,75 отсто, објави грчки Катимерини. Бројот на крајните корисници ќе ја одреди и висината на бенефицијата, при што најверојатното сценарио е додаток од 250 до 300 евра.

Вкупно имало 910.000 пензионери кои поради постоење на лична разлика во нивните главни пензии, не добиле никакво зголемување во 2023 година. Од нив, 140.000 не го добиле ниту додатокот од 250 евра („чек на инфлација“) за Божиќ – очигледно затоа што имаа пензии и приходи од над 800 евра – ниту зголемување од укинувањето на данокот за солидарност.

Во пракса, ова се однесува на пензионери со приходи од пензија помеѓу 800 и 1.000 евра. Можеби и тие не се единствените што ќе го добијат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот