Грчевски го објави поширокиот список на ракометарки за дуелите со Азербејџан и Литванија
Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски го објавува поширокиот список на ракометарки повикани за собир за претстојните натпревари со репрезентацијата на Азербејџан и Литванија во рамките од квалификациите за Европското првенство 2024.
На поширокиот список се наоѓаат 35 ракометари, а во следниот период истиот ќе биде скратен за најважните мечеви на патот кон континенталниот собир.
Во првото квалификациско коло од групата „5“ нашите најдобри ракометарки дома го декласираа Азербејџан со 40:17, а во второто на гости во Вилнус беше совладана со 31:28.
Шпанија со двете победи против Македонија го обезбеди учеството на ЕП, но и покрај двата порази остануваме во игра за второто место кое може се потврди со позитивни резултати во финишот од квалификацискиот циклус.
На претстојната ЕХФ недела сениорките прво ќе гостуваат во Баку за мечот со Азербејџан, а натпреварот ќе се игра на 3 април со почеток од 15.00 часот. А на домашен терен ќе ја пречекаат Литванија на 7 април во Скопје од 18.00 часот.
Поширок список за дуелите против Азербејџан и Литванија:
1. Јована Мицевска CSM SLATINA (ROU)
2. Софи Гошевска ЃOРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК СКОПЈЕ
3. Драгана Петковска AEK ATHENS (GRE)
4. Јована Саздовска CSM SLATINA (ROU)
5. Сара Ристовска CSKA MOSKOW (RUS)
6. Анастасија Трпеска ЖРК МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
7. Андреа Илиќ ЖРК ВАРДАР Скопје
8. Ивана Џатевска Várda Kézilabda KFT (HUN)
9. Хана Мифтари ЖРК ЧАИР
10. Бојана Диневска ЖРК ЧАИР
11. Леонида Гичевска CSU STIINTA BUCURESTI (ROU)
12. Ангела Јанкуловска ЃOРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК Скопје
13. Симона Маџовска BSV SACHSEN ZWICKAU (GER)
14. Сара Стефаноска ZORK JAGODINA
15. Ивана Арсениевска CSM UNIREA SLOBOZIA (ROU)
16. Бојана Коцева ЖРК ВАРДАР Скопје
17. Елена Ѓорѓијевска KONYAALTI SPOR KULÜBÜ (TUR)
18. Марија Јанкуловска ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК Скопје
19. Ива Божиновска ЃOРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК Скопје
20. Ива Младеновска BREST BRETAGNE HANDBALL (FRA)
21. Ана Марија Коларовска ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК Скопје
22. Марија Гугуљанова ЖРК МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
23. Јана Калајџиевска ЖРК МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
24. Анастасија Николовска ЃOРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК Скопје
25. Сара Миновска ЖРК МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
26. Катерина Дамјаноска ЃOРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК Скопје
27. Леона Миленкоска ЖРК ВАРДАР Скопје
28. Михаела Кралева ЖРК МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
29. Јована Кипријановска SAMBRE AVESNOIS HB (FRA)
30. Андреа Седлоска RK LOKOMOTIVA ZAGREB (CRO)
31. Борјана Коцева ЖРК ВАРДАР Скопје
32. Емилијана Ризоска ЃOРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК Скопје
33. Теодора Дукоска ЖРК ЧАИР
34. Ема Кирова РК СПАРТАК
35. Ивана Гакидова KONYAALTI SPOR KULÜBÜ (TUR)