Грајмс: Секој може да го користи мојот глас за песни генерирани од вештачка интелигенција

Грајмс / Фото: Theo Wargo / Getty images / Profimedia

Грајмс ги покани музичарите да го клонираат нејзиниот глас, користејќи вештачка интелигенција за да создадат нови песни, пишува „Би-би-си“.

Поп-пејачката, чие вистинско име е Клер Буше, изјави дека ќе подели 50% од авторските права за секоја успешно генерирана ВИ песна што ќе го искористи глас.

„Тоа ќе биде истиот договор како и секој друг што го имам од артистите со кои соработувам. Слободно користете го мојот глас без страв од казни“, напиша таа на Твитер.

Нејзината изјава доаѓа откако музичката индустрија реагираше на песни направени со вештачка интелигенција тренирана на гласовите на пејачите.

Компанијата „Универзал мјузиг груп“ минатата недела ја осуди песната, насловена „Heart on My Sleeve“ која е соработка помеѓу музичарите Дрејк и Д Викенд, поради како што изјави „бесправно копирање на содржина преку користење на вештачка интелигенција“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот