Граѓаните подигнале над 244 илјади „НМК“ налепници за своите возила

Налепници НМК /Фото: "Слободен печат"/Драган Митрески

Над 244.000 налепници „НМК“ за возилата биле подигнати од страна на граѓаните досега, информираат од Министерството за внатрешни работи за Слободен печат.

Иако распределбата на налепниците до техничките прегледи започна доцна, на последниот ден од предвидениот датум за промена на сите лични документи-12 февруари, сепак голем број на граѓани имаат залепено налепници на своите возила со кратенката од новото уставно име „НМК“.

„Од техничките прегледи се задолжени вкупно 393.400, а подигнати од граѓаните се вкупно 244.797 налепници“, велат од МВР за Слободен печат.

Оттаму информираат дека засега процедурата тече без никакви потешкотии и распределбата на налепниците се одвива непречено.

Но сепак, бројката на возила со налепници „НМК“ е поголема бидејќи има граѓани кои се одлучија да купат налепници  кои се продаваат по продавници за автоделови ширум државата и на социјалните мрежи, но има и случаи каде граѓаните си плаќаат и нови регистерски таблички кои се со ознаката „НМК“.

Налепниците „НМК“ се бесплатни за граѓаните но граѓаните треба со автомобилот и сообраќајната да дојдат во станиците за технички преглед и најпрво да пополнат барање на шалтерите на МВР. Потоа налепницата под видеонадзор и од страна на вработените ќе им биде залепена на регистарската таблица.

Рокот за ставање налепница на која е испишана ознаката „НМК“, односно за замена на регистарските таблички кои ја содржат ознаката „МК“ и на оние кои немаат никаква ознака, е пролонгиран до 31 декември 2024.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот