Граѓаните да се воздржат од резервации на авиобилети, на сила се уште важи Одлуката за затворање на аеродромите

Фото: EPA/SERGIO DIONISIO

Министерство за транспорт и врски во соопштение до јавноста побара граѓаните да се воздржат од резервации на авиобилети.

-Би сакале да објасниме во однос на информациите што се објавуваат во дел од медиумите за конкретни датуми за воспоставување на авионските линии преку авио превозниците што оперираат од “Меѓународниот аеродром Скопје” и аеродромдот “Св. Апостол Павле во Охрид”.

 Сакаме да потенцирме дека на сила се уште важи Одлуката за затворање  на “Меѓународниот аеродром Скопје” и аеродромдот “Св. Апостол Павле во Охрид”.

 Тоа значи дека се додека не се донесе друга Одлука, аеродормите ќе бидат затворени за превоз на патници, а авионскиот сообраќај запрен. Оваа одлука не се однесува за државни, воени, болнички, хуманитани и карго летови без патници.

 Со оглед на настанатата состојба со вирусот Ковид-19, во овој момент не може да се предвиди кога повторно ќе се воспостави и нормализира авионскиот сообраќај за превоз на патници.

 Се до донесување на нова Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, апелираме до сите граѓани да се воздржат од резервaции на билети, се со цел дополнително да не се изложуваат на финансиски трошоци.

 За сите информации поврзани со нормализирање на авионскиот сообраќај, навремено ќе информираме.

 Затоа, граѓаните доследно да ги следат сите информации што се објавуваат од Владата на Република Северна Македонија и ресорните министерства и институции и да се придржуваат до донесените мерки и препораки, се истакнува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот