Фото: EPA-EFE/MIGUEL CANDELA

Градот во кој е невозможно да се држи социјална дистанца (ВИДЕО)

Се проценува дека 200.000 луѓе во Хонгконг живеат во станови со големина од 15 метри квадратни, а во нив е невозможно да се држи социјална дистанца, пишува Си-Ен-Ен.

Лум Чаи има 45 години и пред пандемијата, како што рекол за Си-Ен-ЕН, од својот скромен стан, одел во градот за да избега од соседите, но сега тоа е невозможно.

Станбен блок Јат Тунг / Хонгконг EPA-EFE/JEROME FAVRE

Станува збор за минијатурни станови, со големина на сандаци, кои ОН веќе ги нарекоа „навреда за човечкото достоинство“. Тоа се простории во кои има доволно место единствено за кревет и малку облека, а соседот е на помалку од пола метар од него.

Купатилата во таканаречените „станови-кафези“ се заеднички, а често и воопшто нема кујни. Становите се одделени единствено со импровизирани или преградни ѕидови.

Лим плаќа кирија од 232 долари, пишува Си-Ен-Ен, а живее во станот со уште 10 лица.

Хонгконг е познат како град на банкари, но таму најмногу се забележува разлика меѓу социјалните класи. Тој е еден од најгусто населените градови на светот со 6.544 жители на квадратен километар.

Хонгконг EPA-EFE/JEROME FAVRE

Епидемијата влијаела тие разлики уште толку да се продлабочат, па многу кои живеат во „становите кафези“ останале без дом, бидејќи не можеле да ја плаќаат киријата.

Бездомник во Хонгконг со зашитна маска седи на улица / Хонкгонг, Кина март 2020 година / Фото: EPA-EFE/MIGUEL CANDELA

Според последните податоци во Хонгконг се забележани 1.038 случаи на заразени со коронавирус, а починати се четворица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот