ОУ „Св. Климент Охридски“ од Драчево доби награда за најубаво уреден двор на институција

ООУ „Св. Климент Охридски” од село Драчево, во надлежност на Општина Кисела Вода ја освои наградата за најубаво уреден двор на институција, на јавниот конкурс на Град Скопје, за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор (индивидуално домување, колективно домување и институција), најубав состав и цртеж на тема екологија за учениците од основните и од средните училишта. Градот на ООУ „Св. Климент Охридски” му додели парична награда во висина од 40.000 денари.

Градот Скопје со цел да ја подигне јавната свест за значењето и потребата од чиста и здрава животна средина, во рамки на манифестацијата „Денови на пролетта – денови на екологијата” традиционално го објавува јавниот оглас.

Од општина Кисела вода потсетуваат и дека неодамна, на конкурсот „Предизвик за млади истражувачи 2″, ООУ„Св. Климент Охридски” од Фондот за иновации и технолошки развој доби награда, финансирање на проект за „Квалитетот на воздухот во училницата”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот