Градоначалникот на Лондон се залага Британија да влезе во европската царинска унија

Лондонскиот градоначалник Садик Кан од британската опозициска Лабуристичка партија изјави дека треба да се размислува за повторно приклучување кон Европската царинска унија, односно зајакнување на врските со Европската Унија по брегзитот.

– Ајде да разговараме. Денеска не велам дека треба повторно да влеземе во Европската Унија. Дејвид Лами (секретарот за надворешни работи во сенка) е на вистинскиот пат кога вели дека треба да имаме поблиски односи со ЕУ – рече Кан на конференција на Фабијанското друштво во Лондон.

Тој додаде дека „економската цена на овој исклучително тежок брегзит е огромна“, притоа критикувајќи го „молчењето“.

– Не можеме да зборуваме за блискост со Европската Унија, за приклучување кон единствениот пазар, за влез во царинска унија – изјави Кан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот