Парада на гордоста во Будимпешта/Фото: EPA/ZOLTAN BALOGH HUNGARY OUT

Градоначалникот на Будимпешта стана осомничен во истрагата за забранетата Парада на гордоста

Градоначалникот на Будимпешта, Гергељ Карачоњ, денеска изјави дека станал „осомничен“ во полициската истрага насочена кон организаторите на митингот за ЛГБТК+ права, кој се претвори во протест против режимот минатиот месец, јавува српски Еуроњуз, повикувајќи се на унгарските медиуми.

„Станав осомничен и ако во оваа земја ова е цената што мора да ја платиме за застапување на сопствената и слободата на другите луѓе, тогаш дури сум горд на тоа“, напиша Карачоњ на својата Фејсбук страница.

Порталот 444.hu се обиде да дознае од полицијата дали има осомничени во истрагата започната по Парадата на гордоста на крајот на јуни, но Националната полиција одговори дека не можат да им дадат информации поради тековната истрага.

Општина Будимпешта одговори дека градоначалникот бил накратко повикан како осомничен од страна на истражното тело и дека ќе биде испрашуван следната недела.

Полицијата претходно објави дека нема да бидат покренати постапки против учесниците на Парадата на гордоста, меѓутоа, Националното биро за вонредни ситуации истражува информации за организаторите, а градоначалникот е исто така испрашуван во врска со ова прашање.

Полицијата претходно објави дека, иако учествувале во забранет собир, нема да бидат покренати мерки против оние кои учествувале на Парадата на гордоста во Будимпешта одржана пред една и пол недела, објави Полициската управа на Будимпешта.

Десетици илјади демонстранти маршираа низ главниот град на Унгарија на 28 јуни, а забранетата Парада на гордоста се претвори во масовен антивладин протест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот