Градоначалници од Косово и Србија на средба кај Касами: Соработката е важна за развој на туризмот

Фото: Слободен печат

Градоначалници – Албанци од Косово и Србија остварија средба со градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами, на која главна тема беше како заеднички да го развиваат туризмот. Касами на средбата со колегите истакна дека не се работи за некоја формална организација, иако како што посочи тој веќе постои заедница на албански општини во регионот во која и Тетово е член, но денеска се работи за обична средба, додаде тој.

Градоначалникот Касами потецираше дека со некои од општините чии градоначалници се денес во Тетово, веќе има некои соработки и заеднички проекти. Посетата е во духот на разгледување на можностите за заеднички интерес на нашите општини, а ние како градоначалници, односно како преставници на народот, можеме да придонесеме да се засили соработката меѓу нашите општини, посочи Касами.

„Овој состанок денеска нема некој формален аспект, туку е соработка во рамки на некои области кои ги покриваме, поконкретно во делот на туризмот. Тоа што веќе нашите држави соработуваат, ние сакаме тоа да го имплементираме на терен со конкретна соработка меѓу општините. Ова нема некоја формална организација туку се поканети градоначалниците, во делот на развивање, како и на создавање на заедничка туристичка понуда за туристите. Знаете како држави сме мали да доаѓаат туристите и да посетат еден град на пример во една држава, а кога би имале заедничка туристичка понуда, таа би била попрималива“ ,рече Касами.

По средбата градоначалниците ја посетија Шарената џамија како и тетовското Арабати баба теќе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот