Град Скопје во целост ги отфрла наводите на ДИЖС за ширење лажни информации за истекување на солната киселина

Фото: Фејсбук

Во врска со денешната информација за јавност од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) за истекувањето на солна киселина во околината на фабриката МЗТ, Град Скопје ја информира јавноста за извршениот вонреден инспекциски надзор.

– На 01.12.2019 година (недела) по пријава од  советник во општина Гази Баба за непријатен мирис со надразнувачко дејство во околината на фабрика МЗТ, дежурните екипи на Инспекторатот на Град Скопје веднаш реагираа и го пронајдоа сторителот. Се работи за правен субјект што работи со прекурсори, а на лице место е констатирано дека се работи за истекување на солна киселина од цистерна, проследено со непријатна миризба и пареа (што се забележува на фотографиите што Ви ги испраќаме во прилог) и веднаш се преземени итни мерки за спречување на понатамошно истекување. При вонредниот инспекциски надзор од страна на овластениот инспектор за животна средина побарано е од правниот субјект да достави елаборат за заштита на животната средина, но беше констатирано дека правниот субјект не поседува елаборат за што е направен записник за понатамошно постапување (во прилог Ви го испраќаме записникот кој е потпишан од сопственикот на компанијата)- пишува на Фејсбук во објавата на Град Скопје.

-Град Скопје во целост ги отфрла наводите на ДИЖС за ширење лажни информации и клевети и сакаме да нагласиме дека станува збор за професионално и навремено извршување на работните задачи на Инспекторат на Град Скопје со цел спречување на поголема еколошка хаварија што би можела да биде предизвикана во овој случај. Согласно со законските прописи, надлежноста за постапување кај овој тип производствени капацитети е под Министерството за животна средина и просторно планирање.

Од тие причини, Град Скопје го повикува ДИЖС да си ја врши работата согласно со надлежностите во интерес на заштитата на животната средина и за зачувување на здравјето на граѓаните.

Инспекторатот на Град Скопје е отворен за соработка со сите надлежни институции, кога е во прашање заштитата на животната средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот