Град Скопје: Таксистите секојдневно да ги дезинфицираат возилата

Такси превоз / Фото: Архива

Од денеска автобусите на јавниот превоз сообраќаат според редуциран возен ред.

Препорака до сите такси превозници на подрачјето на градот Скопје да ги дезинфицираат такси возилата на дневна основа пред да се вклучат во сообраќај, а такси возачите да користат лична зашитита, маска и гумени ракавици. Сите претставници на приватните превозници кои се вклучени во јавниот сообраќај во Скопје да ги интензивираат активностите за чистење и дезинфикација на нивните возила, се вели во денешното соопштение од Град Скопје.

Согласно препораките на Владата, од денеска автобусите на јавниот превоз сообраќаат според редуциран возен ред, идентичен на возниот ред што важи за време на зимскиот, односно летниот училишен распуст. Редуцираниот возен ред ќе важи во наредните две недели, односно до наредните препораки од надлежните институции.

Согласно со актуелната состојба со корона вирусот, како една од мерките и препораките на Владата за намалено користење на јавниот превоз со цел превенција од ширење на вирусот од денеска нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица, а нема да важат ниту бесплатните годишни средношколски и студентски билети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот