Град Скопје ќе обезбедува топли оброци за бездомниците

Од денеска, и секоја наредна среда и петок, во Пунктот за бездомни лица на Црвен крст на град Скопје ќе бидат обезбедувани 160 топли оброци за бездомните лица на територија на град Скопје од страна на Град Скопје кој редовно ги поддржува активностите на Црвениот крст.

Град Скопје ќе обезбедува топли оброци за бездомните лица кој го посетуваат Пунктот за бездомници во Момин поток.

  • Од денеска, и секоја наредна среда и петок, во Пунктот за бездомни лица на Црвен крст на град Скопје ќе бидат обезбедувани 160 топли оброци за бездомните лица на територија на град Скопје од страна на Град Скопје кој редовно ги поддржува активностите на Црвениот крст. Заради студениот бран, Пунктот работи 24 часа и во просек од 7 до 10 лица на дневна основа престојуваат во истиот. За останатите корисници Црвен крст обезбеди приватни соби со цел намалено групирање како една од мерките за превенција од Ковид-19. Број за дојава на која граѓаните може да се јавуваат доколу забележат бездомно лице е 02/3096-227 – информираат од Црвениот крст на Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот