Град Скопје ја продолжува кампањата за бесплатно собирање на отпад од берба

Градежен отпад, Фото: Архива

Заинтересираните граѓани може да се јават на телефонскиот број 071/395-395 и да договорат бесплатно подигање на органскиот отпад. 

Град Скопје ја продолжува кампањата за бесплатно собирање на остатоците од берба за да се спречи палењето на стрништата и со тоа да се заштити воздухот од загадување.

Заинтересираните граѓани може да се јават на телефонскиот број 071/395-395 и да договорат бесплатно подигање на органскиот отпад. Кампањата годинава ќе го опфати целиот Скопскиот плански регион.

Покрај бесплатното подигање на органскиот отпад, Град Скопје годинава нуди можност секој што ќе ја искористи оваа поволност, во сезоната на садење да добие околу 30 килограми органско ѓубриво на секои 100 килограми отпад.

– Овој проект ќе опфати и компостирање на собраниот материјал во објект во сопственост на Градот Скопје, се вели во соопштението.

Годинава, во кампањата за спречување на палењето стрништа се вклучи и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во делот на планирањето на периодите кога се врши бербата на различните земјоделски култури. А, со поддршка на промотивните активности се вкучи и „Халк Банка”.

Кампањата за првпат беше организирана минатата година од Град Скопје и со поддршка од УНДП и МДЦ-Ти.нет. Како што информира Градот, кампањата дала одлични резултати – бесплатно подигање на отпадот од бербата побарале над 120 жители и биле подигнати околу 700 кубни метри органски отпад.

Градот Скопје е прва единица на локална самоуправа која спроведува кампања за елиминирање на палењето на нивите и стрништата, за да се намали загаденоста на воздухот, да се зачува плодноста на почвата и да се спречи ширењето на евентуални пожари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот