9 C
Скопје

Град Скопје ја намали фирмарината

За деловните простории на трговските друштва и другите правни лица од областа на производството, прометот и услугите износот е 4.000 денари.

Советот на Град Скопје донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за висината на комуналните такси во Град Скопје почнувајќи од 1 јануари 2020 година. Целта, како што соопшти Град Скопје, е да им се помогне на компаниите да ги пребродат нарушувањата предизвикани од коронавирусот.

-Со измените и дополнувањата се врши измена во Тарифниот број 1 на Одлуката, односно, се врши намалување на комуналната такса за фирма, како дополнително олеснување на финансиската состојба на таксените обврзници коишто вршат дејност на територијата на 10-те скопски општини, се вели во соопштението.

Градските власти ги известуваат сите таксени обврзници кои се уште не извршиле уплата на обврските по основ на комунална такса за тековната 2020 година по подолу наведените основи, дека треба да ги уплатат согласно со добиените решенија, но со намален износ.

Прочитајте и...  Уапсен крадец од Скопје баран со потерница

За деловните простории на физичките лица коишто вршат дејност износот е 1.300 денари, а за деловните простории на физичките лица коишто вршат дејност, а данокот го плаќаат во паушален износ треба да се плати 350 денари. За деловните простории на трговските друштва и другите правни лица од областа на производството, прометот и услугите износот е 4.000 денари.

За продавници, киосци, деловни единици и слично на трговските друштва и другите правни лица од областа на производството, прометот и услугите износот е 2.000 денари. За деловни простории на правни лица од комуналните дејности и за деловни простории на трговските друштва и другите правни лица, како и на откупните пунктови што дејствуваат повремено исто така е предвиден износ од 2.000 денари.

Прочитајте и...  Жителите на Ново Маало бараат општината да даде согласност за реализација на проектот на „МГ Фешн"

– Во однос на тие обврзницкои веќе извршиле уплата со целосниот износ наведен во решението, Ви укажуваме дека уплатениот износ кој ја надминува новоформираната цена за фирмарина ќе се префрли за наредната година или по завршувањето на вонредната состојба, на барање на таксениот обврзник ќе се изврши враќање на дополнителните средства, стои во соопштението.

Град Скопје напоменува дека во времетраење на вонредната состојба, нема да се постапува по опомените кои се доставени до обврзниците на данок на имот и до обврзниците на комунална такса и нема да се врши присилна наплата на заостанатите неплатени долгови.

Поврзани вести

МГ Фешн: Сакаме да инвестираме во парк и фонтана со површина колку градскиот плоштад на паркингот кај Холидеј ИН

СП.

Жителите на Ново Маало бараат општината да даде согласност за реализација на проектот на „МГ Фешн”

Слободен печат

Инвеститорот на висококатниците вели: Не градиме бетонски чудовишта, туку еколошки и енергетско ефикасен проект

Богдановиќ: Министерството за транспорт и врски треба да ни ги дообјасни методологиите како да пристапиме, бидејќи елаборат е општ поим

Миа Агенција

Граѓански организации и професори со јавен повик до Заев за ДУП-от спроти „Холидеј Ин“

Слободен печат

Богдановиќ за спорниот проект кај „Холидеј Ин“: Двајца охриѓани ни ја попречија постапката во Уставен

Слободен печат

Остави Коментар