Град Скопје го објави огласот за приватни автобуски превозници за линиите 20 и 22

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Град Скопје го објави Јавниот оглас за доделување на пакет линии и за давање на дозвола за линиски превоз на патници за линиите 20 и 22.

Како што е наведено во огласот, за „покривање“ на овие линии, потребни се, за линијата 20, десет автобуси и 23 возачи, а за линијата 22, десет автобуси и 21 возач.

– Пријавите со потребната документација се доставуваат од 09.12.2022 година, заклучно со 10.01.2023 до 12 часот. Отварањето на поднесените затворени пријави ќе се одржи на ден 16 јануари 2023 година во 9 часот во барака бр.13. – стои во Јавниот оглас објавен од страна на Град Скопје.

Според наведеното, Пакетот на линии од овој оглас се доделуваат за период од две години, со можност за продолжување, но не повеќе од вкупно 5 години.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот