Град Скопје 100 отсто ќе ја субвенционира набавка на велосипеди и тротинети за граѓаните од социјално ранливите категории

фото: ЕПА/ЕФЕ

Град Скопје во целост ќе ја субвенционира набавката на еколошки превозни средства за ранливите категории на граѓани, стои во предлог-одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓани од социјално ранливи категории, жители на градот Скопје, за купување на еколошки превозни средства велосипеди.

во 2022 година која треба да се разгледува на денешната седница на Советот на Град Скопје.

– Со оваа одлука, Град Скопје го определува максималниот износ за доделување на поединечна субвенција на граѓани од социјално ранливи категории, жители на градот Скопје, за купување на велосипеди во 2022 година. Максималниот износ за поединечна субвенција за купување велосипед по лице се утврдува во износ од 100 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 11.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход – стои во предлог-одлуката.

Доделувањето на поединечната субвенција ќе се врши врз основа на доказ дека е извршено купување на нов велосипед од Република Северна Македонија, и тоа со оригинал фискална сметка издадена во Република Северна Македонија, со датум од 01.01.2022 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за доделување на поединечна субвенција на граѓани од социјално ранливи категории на подрачјето на Градот Скопје за купување велосипеди, при што задолжително е велосипедот да е целосно отплатен. Плаќањето на рати не се прифаќа.

– За субвенционирање на граѓани од социјално ранливи категории, жители на градот Скопје, при купување велосипеди обезбедени се финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за 2022 година, во висина од 700.000 денари со вклучен персонален данок на доход – се наведува во предлог одлуката.

Исто така, денеска пред советниците ќе се најде и предлог-одлуката.

за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓани од социјално ранливи категории, жители на градот Скопје, за купување на еколошки превозни средства електрични тротинети во 2022 година.

– Максималниот износ за поединечна субвенција за купување електричен тротинет по лице се утврдува во износ од 100 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 15.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Доделувањето на поединечната субвенција се врши врз основа на доказ дека е извршено купување на нов електричен тротинет од Република Северна Македонија, и тоа со оригинал фискална сметка издадена во Република Северна Македонија, со датум од 01.01.2022 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за доделување на поединечна субвенција на граѓани од социјално ранливи категории на подрачјето на Градот Скопје за купување електрични тротинети, при што задолжително е електричниот тротинет да е целосно отплатен. Плаќањето на рати не се прифаќа – стои во предлог-одлуката каде што е наведено и дека, за субвенционирање на граѓани од социјално ранливи категории, жители на градот Скопје, при купување електрични тротинети обезбедени се финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за 2022 година, во висина од 300.000,00 денари со вклучен персонален данок на доход.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот