Ѓоровиќ е новиот селектор на сениорките

мкф

Управниот Одбор на Кошаркарската федерација на Македонија на редовна седница официјално го назначи Владимир Ѓоровиќ за нов селектор на женската сениорска репрезентација.

Искусниот тренер на Струга 2009 во текот на летниот период работеше со сениорските репрезентативки пред почетокот на натпреварувачката сезона, а за првпат во својата кариера ќе застане на чело на сениорскиот национален тим.

Нашата селекција претстојниот понеделник (4 ноември) ќе означи почеток на подготвителниот период за квалификациите за Европското првенство 2021 со почеток во 18.30 часот во големата сала на Кале.

Репрезентативките ќе тренираат во големата сала на Кале сè до 13. ноември кога ќе заминат за Германија каде и против кого ќе го одиграат првиот натпревар во оваа евроквалификациска рунда.

На 17. ноември е закажан вториот дуел од овој прозорец, против Летонија на домашен терен. Натпреварот против Летонија ќе се одигра во големата сала при спортскиот центар Јане Сандански.

Германија – Македонија 14.11.2019 (19:00 часот)
Македонија – Летонија 17.11.2019 (СЦ „Јане Сандански“, 19:00 часот)

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРКИ

Анџелика Митрашиновиќ – Будуќност Бемакс (Црна Гора)
Александра Стојановска – Фљамуртари (Албанија)
Софија Лазареска – Милано Баскет (Италија)
Нена Трајчевска – Самсун Чаник (Турција)
Ивана Кметовска – Бадел 1862
Ивона Пејковска – Вардар
Емилија Лазарова – Вардар
Сандра Лазареска – Бадел 1862
Драгана Јоловиќ – Бадел 1862
Јована Петрушевска – Вардар
Наталија Белеска – Вардар
Симона Деловска – Вардар
Матеа Николиќ – Енсино Луго (Шпанија)
Илина Селцова – Ратгебер (Унгарија)
Катерина Поп Димитровска – Баскет Кам
Наталија Секуловска – Бадел 1862
Габриела Модева – Струга 2009
Јована Стојанова – Вардар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот