Горецка ќе го напушти Баерн следното лето: Време е за ново поглавје
Искусниот германски фудбалер Леон Горецка (30) ќе го напушти Баерн Минхен на крајот од сезоната. На социјалните мрежи објави дека ќе започне ново поглавје во својата богата кариера на лето.
Препорачано
Со недели се шпекулираше дека германскиот репрезентативец и поранешен играч на Шалке би можел да го напушти Баерн на крајот од сезоната, а среде шпекулациите за тоа каде би можел да оди, пристигна потврда од најважната адреса.
– Драги навивачи, последните неколку дена беа многу потурбулентни отколку што очекував. Во исто време, тие донесоа јасност. Колку и да го почитувам интересот од врвните меѓународни клубови, донесов јасна одлука дека сакам да останам во Баерн до крајот на сезоната. Со тим околу кој е неверојатно забавно да се биде, и на теренот и надвор од него, и тренер кој го обедини нашиот тим во вистинска целина. Чувствувам длабока обврска кон овој тим и клубот. Наша заедничка цел е да се вратиме на Мариенплац во мај, славејќи ги најголемите титули заедно со вас – стои во објавата на Горецка.
По осум сезони полни со трофеи, играчот од средниот ред ќе ја продолжи својата кариера во друг клуб, а се шпекулира дека Милан останува внимателен кон неговата иднина како слободен агент.
За најдобрата германска репрезентација има 67 настапи и 15 голови.
View this post on Instagram


