Гордост и презир откако Бугарија го претстави највисокиот јарбол и знаме во ЕУ

Nikolay Doychinov/AFP/Getty Images
Бугарија го претстави највисокото знаме во Европа

Висок јарбол на кој се вее огромно знаме на Р. Бугарија, беше свечено промовирано, минатата недела во подножјето на Родопските планини во јужна Бугарија. Огромното знаме од 1.110 квадратни метри, кое треба да ја симболизира бугарската територија од 111.000 квадратни километри, беше поставено на рекордно високиот столб од 111 метри. Најсиромашната држава во Европа стана дом на највисокото знаме во регионот, кое пак го подели бугарскиот народ. Едни се чуствуваат горди, други пак со презир гледаат на овој мегаломански проект.

За знамето „ѕвер“ пишува и британски theguardian.com. Во текстот се наведува дека национализмот и популизмот се во пораст кај балканските народи, а многу луѓе се’ уште се русофили и покрај инвазијата на Москва врз Украина.

Photograph Nikolay DoychinovAFPGetty Images
Photograph Nikolay DoychinovAFPGetty Images

„Ова нема да ги направи Бугарите побогати, но ќе го подигне духот на луѓето“, рече Симеон Караколев (45), организатор на годишниот фолклорен фестивал што се одржа под врвот Рожен, а кој стои зад проектот.

Караколев собрал 500.000 евра во донации за столбот на знамето, во кампањата што ја прифати и бугарскиот проруски претседател Румен Радев, пишуба британски Гардијан. Дополнитело локалните бугарски медиуми објавија дека во име на Радев побарале пари за донација и од многу јавни претпријатија во Бугарија.

Но кампањата не помина добро на социјалните мрежи. Бугарите критикуваа дека земјата е опфатена со голема емиграција и распад на  здравствениот систем, а се тера кампања и се собираат пари за огромен јарбол и знаме.

Политикологот Огњан Минчев изрази жалење за тоа како патриотизмот бил киднапиран од „лидери кои ја мерат националната гордост според висината на јарболот. Квазинационалисти се водени од руската пропаганда“, изјавил Минчев, објави Гардијан.

Photograph Nikolay DoychinovAFPGetty Images
Photograph Nikolay DoychinovAFPGetty Images

Во меѓувреме неодамнешна студија на Фондацијата Отворено општество покажа дека Бугарија е меѓу земјите на ЕУ најподложни на руската пропаганда и дезинформации.

Бетонот истурен за темелите на јарболот на недопрените планински ливади и наводните неправилности со неговите дозволи, исто така, предизвикаа повици од еколозите да ја забранат изградбата. Петицијата против неа собра илјадници потписи. Караколев рече дека ова е „незаслужена омраза“ и им се заблагодари на властите што „не отстапија од притисокот бидејќи проверките покажаа дека сè е совршено легално“.

Радев ги критикуваше „нечесните обиди за оцрнување и разбивање на оваа иницијатива“ додека тој и Караколев ја инаугурираа структурата со извиците „Да живее Бугарија!“

Неколку илјади луѓе од сите возрасти, многумина во народна носија, се собраа на церемонијата пред тридневниот годишен фестивал, искористувајќи ја шансата да го допрат џиновското знаме пред да се издигне. Сепак, илјадници телефонски екрани ја осветлија ноќта додека навивачката толпа чекаше да се постави знамето. Но, кога дојде големиот момент, дојде до разочарување бидејќи недостатокот на ветре го остави безволно да виси од столбот, пишува theguardian.com.

Извор: theguardian.com

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот