ВИДЕО | Голем пожар: Се запали куќа во центарот на Скопје

Пожар /Фото: Илустрација

Вечерва се запали објект на Адвокатска уличка во Скопје спроти МАНУ, непосредно пред да почне да врне. 

Како што информира командирот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, се запалила куќа во овој дел од Скопје.

Во моментов на терен се четири противпожарни возила коишто го гаснат пожарот, но се уште не се знае од што е предизвикан.

Видео од пожарот се најде и на социјалните мрежи.

 

 

Видео на денот