ГОЛЕМ ГЕСТ: Играчите пред болницата го скандираа името на Миха! (ВИДЕО)

twitter.com/MarkovicNeb

Болоња во неделата направи еден неверојатен пресврт против Бреша (3:4) во рамките од најсилната италијанска фудбалска Серија А.

На играчите во текот на паузата од болничкиот кревет каде што го поминува и вториот циклус од хемотерапијата, им се обрати и српскиот тренер Синиша Михајловиќ кој очигледно знае како да ги мотивира своите играчи со цел да извлечат поволен резултат.

Додека се враќаа од гостувањето во Бреша, му „наредија“ на возачот на автобусот да застане пред болницата „Сант Орсола“ со цел да го поздрават својот тренер.

Застанаа под неговиот прозорец, го скандираа неговото име и му аплаудираа, на што реагираше и самиот Михајловиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот