БОЛОЊА СО СРЦЕ ЗА МИХА: Каков подвиг во Бреша – од 1:3 до 4:3! (ВИДЕО)

twitter.com/SimoBumBumCiao

Денеска се играат натпреварите од третото коло во најсилната италијанска лига, Болоња ја продолжува серијата без пораз сезонава. Моментно фудбалерите на српскиот тренер Синиша Михајловиќ се на второто место на табелата во Серија А со седум бодови, само два помалку зад лидерот Интер.

Миха (кој се наоѓа во вториот циклус од хемотерапијата) овојпат не беше на клупата, но неговиот борбен дух како да се наоѓаше во неговите играчи на оваа средба.

Видовме еден неверојатен меч на стадионот во Бреша, каде што домаќините доминираа во текот на првото полувреме. Донарума за период од девет минути двапати се запиша во листата на стрелците, па намали Бани, а непосредно пред паузата за 3:1 се погрижи Кистана.

Потоа, на стартот од вториот дел проблеми за Бреша, бидејќи поради втор жолт картон теренот предвреме мораше да го напушти Десена. Тоа го искористија гостите за комплетен пресврт, најпрвин за четири минути израмнија преку Паласио и Денсвил, а во 80 минута Орсолини го постави конечниот епилог (3:4).

На останатите дуели Џенова на македонскиот репрезентативец Горан Пандев загуби дома од Аталанта (1:2), Парма претрпе пораз од Каљари (1:3), а Спал приреди изненадување совладувајќи го Лацио (2:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот