ГОЛЕМ БОРЕЦ И ШАМПИОН: Миха со најголемото признание кое можеше да го добие!

фото: твитер

Тренерот на Болоња вечерва рече во Белград дека наградата од Фудбалската федерација на Србија (ФСС) за најдобар тренер му е најголемо признание кое можел да го добие во кариерата.

Наградата му ја врача претседателот на ФСС, Славиша Кокеза, а пред да ја напушти бината, Миха кој е првпат во Србија откако ја започна борбата со леукемијата, беше испратен со голем аплауз.

– Ветив дека нема да плачам. Ви благодарам од срце. Голема благодарност до сите за оваа награда, бидејќи да се биде најдобар тренер на Србија и се биде избран од моите луѓе за мене нема поголема важност, тоа за мене е најголемото признание кое можев да го добијам во кариерата – рече Михајловиќ.

Воедно славниот фудбалер на Црвена звезда упати честитки до српската фудбалска федерација по повод 100 години постоење.

– Јас веќе живеам 30 години во Италија, но секогаш бев и ќе останам Србин. Се надевам дека никогаш не ве разочарав и дека секогаш со сите мои, и добри и лоши нешта, ја претставував Србија на најдобар можен начин и тоа ќе го правам и во иднина – додаде Михајловиќ.

Минатиот месец беше објавена една убава вест, кога му беше пресадена коскена срж.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот