Ѓоковиќ загуби сет на отворањето

twitter/#AusOpen

Вториот носител со 3:1 во сетови го победи Германецот Штруф во првото коло од Австралија Опен.

Новак Ѓоковиќ потешко од очекувањата ја започна одбраната на трофејот во Австралија Опен, губејќи сет уште во првото коло. Ѓоковиќ кој во Мелбурн ја има улогата на втор носител, со 3:1 во сетови (7:6,6:2,2:6,6:1) го победи Јан-Ленард Штруф.

Ѓоковиќ првиот сет го реши во тај брејкот, а во вториот сет беше убедлив победувајќи со 6:2. Изненадувачки, Штруф го освои третиот сет, но одговорот на Ѓоковиќ во четвртиот сет беше брутален дозволувајќи му само еден гем на својот ривал.

Најголемото изненадување во првиот ден во Мелбурн кој го одбележа дождот и одложи дури 32 меча, е елиминацијата на Американката Слоун Стивенс. Поранешната победничка на УС Опен загуби од Шуаи Жанг со 1:2 во сетови (6:2,5:7,2:6).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот