Ѓоковиќ се закани: Ако не „затворат“ 28 дена во Австралија, не играм

twitter/#AusOpen

Строгиот здравствен протокол во Австралија кој е донесен пради пандемијата на коронавирусот го загрозува одржувањето на Австралија Опен, односно учеството на најдобрите тенисери и тенисерки.

Најголемите тениски ѕвезди, Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Рожер Федерер и Серена Вилијамс прифатија да учествуваат на првиот годинешен грен слем турнир, но само под еден услов, дека нема да бидат во целосен карантин.

Според весникот „Сиднеј Морнинг Хералд“, организаторот на Австралија Опен начелно има договор со тенисерите и здравствените власти, да им изможи на учесниците на грен слем турнирот за време за задолжителниот 14-дневен каратин да можат да го напуштат хотелот за да тренираат.

Но, засега овој договор не е ставен на хартија, односно ништо не е потпишано од здравствените власти во Австралија и поради тоа најголемите ѕвезди се двоумат дали да патуваат за Мелбурн на почеток од идната година.
– Најдобрите 100 тенисерки и тенисери од АТП и ВТА листата ги пополните патните пбрасци кои се неопходни за добивање на австралиска виза, сите сакаат да играат во Мелбурн, но…

Доколку утре објавиме дека мораат да одат во карантин 28 дена или 14 дена да седат во хотелските соби, тоа ќе се смени и тие нема да пристигнат – изјави Крег Тили, директорот на Австралија Опен и претседател на тениската федерација на Австралија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот