Ѓоковиќ: Одлуката за настап на УС Опен ја донесов пред Надал

epa08510498 (FILE) - Goran Ivanisevic of Croatia (L) looks on during the practice session with Novak Djokovic at the Adria Tour tennis tournament in Belgrade, Serbia, 13 June 2020 (reissued 26 June 2020). According to media reports, Ivanisevic who is the current coach of Serbian tennis player Novak Djokovic has tested positive for the SARS-CoV-2 coronavirus. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Српскиот тенисер е главен фаворит за триумф на грен слем турнирот во Њујорк каде нема да играат неговите најголеми ривали Рожер Федерер и Рафаел Надал.

За Федерер од поодамна се знаеше дека нема да игра на УС Опен бидејќи по двојната операција на коленото, Швајцарецот изјави дека сезоната за него е готова. Надал неодамна донесе конечна одлука да не ја брани титулата во Њујорк поради страв од коронавирусот и одлучи да остане во Европа и да се подготвува за Ролан Гарос.

Последен од големата тениска тројка кој донесе одлука е токму Ѓоковиќ.
– Одлуката за настап на УС Опен не ја донесов бидејќи Надал се повлече. Знам дека тоа се зборовите кои сите сакаат да ги слушнат, но одлуката ја донесов уште пред неколку месеци бидејќи сакав сезоната да ја продолжам на подлогата на која се чувствувам најдобро и имам најголеми успеси – бетонот. Сакам да играм на тука, но исто така не бев 100% сигурен дека ќе дојдам во САД се додека не ги разгледам сите опции – вели Ѓоковиќ.

Големо влијание во одлуката на Ѓоковиќ да игра на Мастерс Синсинати и на УС Опен во Њујорк, е дозволата на Тениската федерација на САД (УСТА) да им дозволи на тенисерите да не престојуваат во избраните хотели туку да можат да си изнајмат приватно сместување но ќе мора да бидат под бидното око на здравствената комисија за да се намали ризикот од коронавирусот.

– Работите брзо се менуваат. Мораме да ги профатиме одлуките на УСТА и на медицинската комисија на Њујорк. Тешко е, но јас ќе останам во приватно сместување – додава Новак Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот