Ѓоковиќ ја откри главната цел во 2020 година!

facebook.com/pg/djokovicofficial/

Освен враќање на врвот на АТП листата, најдобриот српски тенисер посакува и конечно да освои злато на Олимписки игри.

Во интервјуто за сајтот на Меѓународната тениска федерација, Ѓоковиќ истакна дека сонува медал во Токио.

– Секогаш сум уживал во настапите на Олимписките игри и претставувањето на својата земја и на Дејвис купот. Еден од моите соништа е медал од Игрите во Токио. Не сакам да бидам незаблагодарен со освојувањето на бронзата во Пекинг, задоволен сум што го играв мечот за третото место во Лондон, но го загубив од Дел Потро – рече вториот тенисер на светот и ја истакна честа која за него претставува играњето за Србија.

Новак Ѓоковиќ во сезоната која е завршена уште еднаш стана дел од историјата, а тоа го направи на еден импресивен начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот