НИ РОЖЕР, НИ РАФА: Најдобар и кога не е на првото место!

фото:твитер

Српскиот тенисер е единствениот кој во 2019. година ги освојуваше титулите на сите три подлоги, односно на бетон, трева и земја.

Новак Ѓоковиќ оваа сезона обезбеди пет трофеи, а во самата завршница од годината го загуби првото место на АТП ранг листа, а на истото сега се наоѓа Шпанецот Рафаел Надал.

Ја започна годината со победа на „Австралија опен“, потоа го освои Мастерс турнирот во Мадрид, „Вимблдон“, а триумфираше во Токио и Париз.

Тоа што успеа Ноле, не успеаја неговите најголеми ривали. Надал на земја ги освојуваше Рим и „Ролан Гарос, додека на бетонските терени доминираше на „Роџерс куп“ и „УС Опен“.

На Швајцарецот Рожер Федерер му недостасуваше триумф на песок. Оваа година, тој беше најдобар во Дубаи, Мајами и Базел така што ги обезбеди титулите на бетон. А кога е во прашање тревната подлога, поранешниот број еден славеше во Хале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот