Годишни одмори и затворени граници: Италијанците сакаат на Малдиви, Шпанците во Италија

Фото: Профимедиа

Според истражувањето спроведено во  131 земја, Малдиви, Мексико и Бали се најпопуларните дестинации за Европејците.

Луѓето ширум светот на Интернет пребаруваат дестинации за одмор, по рестриктивните мерки поради пандемијата, во надеж дека следната летна сезона ќе биде помалку проблематична, а желбите на туристите се различни, па така Италијанците сакаат да одат на Малдиви, Шпанците и Турците во Италија.

Компанијата Куони ги претстави најпопуларните дестинации за одмор во 2021 година  и тоа врз основа на податоците од услугата трендови на Гугл.

Италијанците, Британците, Полјаците, Романците и Бугарите сонуваат за Малдиви, Американците и Канаѓаните едвај чекаат да заминат во Јапонија, а Русите за Мексико.

Србите и Хрватите сакаа да одат на Бали, Албанците во Катар, Словенците во Египет, а Украинците во Шпанија.

Според истражувањето спроведено во  131 земја, Малдиви, Мексико и Бали се најпопуларните дестинации за Европејците, а на глобално ниво Обединетите Арапски Емирати, Канада, САД, Катар и Египет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот