Гоце Делчев е херој и на двете земји и не треба да има спорови, смета партијата на Трифонов
Партијата „Има таков народ” (ИТН) на Слави Трифонов целосно го поддржува пристапот и заложбите на Владата за воведување нова динамика во односите со Република Северна Македонија, рече денеска бугарскиот пратеник Александар Александров во изјавата во име на пратеничката група на ИТН по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Препорачано
– Веруваме и убедени сме дека постојаната соработка во економијата, културата, спортот и во чисто човечките односи е во корист на двете страни, нагласи Александров.
Тој увери дека ИТН не го оспорува правото на идентитет на Северна Македонија „така, како што се чувствува”, но не поддржува наменска промена на историјата. ИТН инсистира и на почитување на Договорот за добрососедство, објави БТА.
Според Александров, „Гоце Делчев е херој и на двете земји и не треба да има спорови”. Тој повика да нема „премногу возбудени пораки” за тоа колку работи ги делат двата народа, туку да размислиме за она што не обединува.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


