Гобер донира 500.000 за борбата против коронавирусот

Фото: Твитер

Кошаркарот на Јута џез, Руди Гобер, кој е првиот кошаркар во НБА лигата што беше позитивен на коронавирус, донира половина милион долари за поддршка во борбата против пандемијата на коронавирусот.

Парите се донирани за здравствените услуги во Јута и Оклахома во САД како и за здравствениот систем во Франција.

Токму поради Гобер, челниците на НБА лигата одлучија да го суспендираат натпреварувањето на 30 дена, а нешто подоцна се потврдени уште два случаи на коронавирус кај НБА кошаркари и тие имале контакт токму со центарот на Јута. Бекот на Јута, Донован Мичел е вториот позитивен на коронавирус, а третиот е центарот на Детроит, Кристијан Вуд, кој минатата недела играше токму Гобер и Јута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот