НБА ја суспендира лигата на 30 дена, Гобер го заразил и Мичел со коронавирус

EPA-EFE/TANNEN MAURY

Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, само еден ден по откривањето дека Руди Гобер е позитивен на коронавирус, потврди дека натпреварите во најквалитетната кошаркарска лига нема да се играат во наредните 30 дена.

Силвер исто така истакна дека зависно од проценките но и состојбата на заболени од коронавирус, ќе биде одлучено дали сезоната ќе биде продолжена со или без публика, или пак нема да се доигра.


– Премногу е рано да претпоставиме дека ја загубивме сезоната. Дури и доколку загубиме еден месец или шест недели, сè уште можеме да ја завршиме сезоната. Тоа би значело дека финалето би се играло во јуни или во јули – изјави Силвер кој не исклучува ниту откажување на сезоната.

twitter/Chicago Sun-Times

– Нормално дека е можно да се откаже сезоната во НБА. Во овие моменти ништо не знам.

Регуларниот дел од сезоната треба да заврши на 15 април, но во зависност од пандемијата со коронавирусот се рагледуваат неколку сценарија, како што се скратување на сезоната, реорганизација на натпреварите или крај на регуларниот дел и веднаш да почне да се игра плејофот.

Во меѓувреме е потврден и вториот случај на позитивен кошаркар на коронавирусот, станува збор за ѕвездата на Јута џез, Донован Мичел. И првиот случај на коронавирус во НБА доаѓа од Јута, Руди Гобер.

– Им благодарам на сите кои ме контактираа откако слушнаа дека сум позитивен на тестот. Сите се уште учиме за сериозноста на состојбата и се надевам дека луѓето ќе продолжат да се едуцираат по тоа прашање и дека ќе сфатат оти мораат да се однесуваат одговорно поради своето но и здравјето на луѓето околу нив“, напиша Мичел на својот Инстаграм профил.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот